Social Work

Дијаконија Македонија


12309846_1754653528090080_6638027659727357105_o
По распаѓањето на СФРЈ, 1991 год. беше обновена социјалната служба на Црквата. Всушност, тоа претставува продолжение на социјалната служба која беше укината по Втората светска војна. По осамостојувањето на Република Македонија (1991) ЕМЦ заедно со нашите сестрински цркви во Австрија, Швајцарија и Германија, ја пренасочи социјалната служба во собирање средства за храна и хигиенски матерјали и за нивен транспорт за Македонија. Првично, социјалната служба беше организирана во струмичкиот регион, опфаќајки ги и радовишкиот и гевгелискиот регион. Со тоа Струмица стана главниот центар на социјалната служба. Од овде се организираа сите хуманитарни акции во овие региони и во целата држава. Се делеше храна, хигиенски продукти, облека, лекови, се организираа хуманитарни транспорти со болнички кревети и медицински инструменти за болниците во Струмица, Гевгелија и за нервно-психијатриската болница во Негорци. Во тоа време посебно беше згрижено училиштето за посебни потреби »Св. Климент Охридски« (порано »25 Мај«) и Заводот за рехабилитација во Бања Банско. За време на косовската војна се роди идејата за изградба на еден социјален центар и тоа се оствари во 2000 година, кога во Струмица беше пуштена во употреба една зграда за социјални потреби на Црквата која го доби името »Мис Стон Центар«. Во истата година, социјалната служба се преименува во Дијаконија Македонија (во чии рамки е и »Мис Стон Центар«).

 

misston1

Мис Стон Центар

 

Со изградбата, Центарот станува централно место на сите активности на социјалната служба на Црквата. Еден од главните проекти е »Храна на тркала« (Meals on wheels), во кое се опфатени стари, болни, инвалиди, социјално загрозени лица итн. Во моментот се опфатени 150 корисници.
Диајконија Македонија како социјална служба е вклучена во помагањето на мигрантите кои минуваат низ Македонија. За оваа служба можете да ја посетите и нашата facebook страна Дијаконија Македонија - Мис Стон Центар Струмица, Diakonie Macedonia

Која е Мис Стон?

stone-254x300

 

Мис Елен Стон е американска мисионерка која се грижела за воспитување на младите девојки, патувала низ Македонија, држела семинари за жени и девојки. Таа неуморна жена на 03.09.1901 год. е киднапирана од четата на Јане Сандански и Христо Чернопеев и останува цели 6 месеци во македонските планини со борците за ослободување на Македонија. Ослободена е на 26.02.1902 год. во близина на Струмица, кога Мисијата за неа плаќа 14.000 турски лири во злато. По враќањето во Америка поради своето залагање за ослободување на Македонија од османлиското ропство била принудена сама да ги врати парите за нејзиниот откуп.