Teenagers and Kids

WomenYoung | Teenagers and Kids


12395209_1131281686885141_750555509_n
Децата имаат значајно место во секоја Заедница во нашата Црква. Акцентот најмногу е ставен на т.н. неделно училиште кое се одвива за време на неделната Богослужба. На почетокот на Богослужбата децата се во црквата. Многу е важно и тие да се почувствуваат и да се доживуваат како дел од Заедницата. Во одреден дел од Богослужбата, децата одат во неделно училиште. Започнуваат со песна и молитва, а после тоа следува раскажување на библиска поука и рачна работа, која е поврзана со темата. На крајот следи учење на стих од Библијата, кој децата го кажуваат пред Заедницата на крајот од Богослужбата. Со децата работи учител/ка кој/а е компетентна за таа работа. Еднаш во годината се одржува Детски состанок, на кој земаат учество децата од сите Заедници во Македонија