About Us

FAQs | In what we belive | Organisation | Ecumenism | History


Вера која што делува преку љубовта

Џон Веслеј (John Wesley), основачот на методистичкото движење, истакнал дека методистите не се разликуваат од другите христијани преку некои посебни учења и ритуали. Веслеј сакал да ги проучува основните вистини на христијанската вера и да ги донесе поблиску до обичните луѓе за да можат и тие да ги живеат.

" Она што се нарекува методизам, е старата вера на Библијата, на раната Црква, Црквата на Англија. Ова древно верување не е ништо друго туку љубов, љубов кон Бог и кон сите луѓе. Оваа љубов е голем лек на животот, и вечен лек за сите беди на разнишаниот свет, против сите зла и пороци на луѓето. Онаму каде што таа љубов е, таму доблеста и задоволство одат рака под рака." - John Wesley

Четири точки на методистичката теологија


Милост

Методистичката црква ја истакнува Божјата подарена милост (благодат). Таа претходи на сè и делува во секој човек пред обраќањето и крштевањето. Божјата безгранична и вечна љубов се однесува на сите луѓе. Божјата љубов нè бара. Дека Бог од љубов го бара заедништвото со секој човек поединечно, тоа е покажано во милоста (благодатта). Бог е способен вистински да ги љуби луѓето и тој е исто така способен да ги направи свои, Божји, тие луѓе.
Бог го создаде човекот за да има зедништво со него. Но, човекот се одвои од Божјата љубов и благодат. Тој сака да го земе својот живот во свои сопствени раце и самиот да се утврди. Ние го нарекуваме оваа отуѓување од Бога и од другите луѓе, од целото создание и од споствениот грев. Од ова стојалиште, грешен човек не може да се ослободи самиот себе. Затоа Бог сака да ги откупи луѓето и повторно да им овозможи да се одлучат за доброто.
На почетокот стои прифаќањето на Божјата љубов, но исто така и спознанието на вина во поглед на незаслужената Божја љубов. Ова безусловно прифаќање на луѓето од Бог, што се изразува преку крштението, наоѓа оправдување во Новиот Завет. IMG_20160219_184125Оправданието предизвикува човекот да дојде до себе и до своето лично минато.

Покајание и нов живот

Методистичката теологија ја истакнува активната врска на луѓето во однос на Божјата љубов. Бог не присилува. Ниеден човек не доаѓа до верата против својата волја, туку напротив.Оваа промена кон жива вера се нарекува покајание или нановораѓање. Тоа подразбира свесност за одвоеноста од Бог и волјата да се биде повторно во заедништвото со Бога. Таквата промена може да биде моментална и драматична или постепена и кулминативна. Понекогаш човек може да се покајува и неколкупати во својот живот кога тој учи и одново ќе биде допрен од Божјата љубов.

Што се однесува до оправданието, според методистичкото убедување, настанува една промена во човечкото срце. За тоа се зборува во евангелие по Јован 3:1-8. Нешто навистина ново почнува да расте во човековото срце, во неговото размислување, неговото чувство и делување. Љубовта Божја што ги опфаќа луѓето се повеќе и повеќе ги насочува кон љубење на другите луѓе и самите себе си и кон целото создание. Оваа љубов е одговор на Божјата љубов, која ја зголемува желбата таа љубов да се пренесува понатаму преку зборови и дела.

Осветување

Методистичката теологија оди кон тоа тежиште, дека човекот расте во верата и љубовта. Овој процес се нарекува осветување и продолжува низ целиот живот. Осветувањето всушност е постојаното потврдување на верата во животот. Човекот ја покажува неговата жива вера преку активна љубов. Тој секогаш ја бара Божјата волја и ја извршува онаму каде што ја пронаоѓа. Новиот живот ќе биде одново пренесен.(?)

Осветувањето не е нешто што e оделено од реалниот живот, туку напротив тое е втемемелено. Човекот ја искусува радоста на животот преку општењето со Бог, преку искуството на значењето да се биде сакан и прифатен и преку тоа што тој прави за другите. Осветувањето не се однесува само на поединецот, туку тоа има за цел да се проширува помеѓу христијаните.(социјално осветување)

Вера и добри дела

Човек не може да ја заработи Божјата љубов. Искуството на Божјата љубов и верата се подарок. Ние гледаме како Божјата милост и човечката активност дејствуваат заедно во сооднос на верата и добрите дела. Божјата милост го создала предусловот за човекот да одговори со вера и следбеништво.

Верата е нашиот единствен важен одговор за спасение. Сепак Општите правила нè потсетуваат дека спасението се манифестира преку добрите дела.