About Us

FAQs | In what we believe | Organisation |Ecumenism | History


Почетоци

Првата Методистичка црква е востановена во 1784г. во САД. Соединетите Американски Држави се формирани една година порано и претставуваат прва модерна држава каде што црквата е одделена од државата.

wesley John Wesley (1703-1793)

Првичната намера не била да се основа нова црква. Англискиот проповедник John Wesley (1703-1791) бил длабоко погоден од сиромаштијата во Англија, која земала се поголем замав во 18 век.

Почетокот на индустриската револуција предизвикува огромни социјални проблеми (невработеност, голема експлоатација на возрасните, злоупотреба на детскиот труд, алкохолизам итн).

Заедно со неколку истомисленици, John Wesley формира движење во рамките на Англиканската црква, кое се зазема за овие луѓе и за нивните проблеми. На луѓето кои го предводат ова движење им го даваат прекарот „методисти“, затоа што се одликувале со еден дисциплиниран начин на живеење (секојдневно читање на Библијата, постојана молитва, постење, слушање на другите итн.).

Со тек на времето, се повеќе луѓе емигрираат од Англија во Америка. Методистичкото движење се шири на новиот континент. Со независноста на САД, Англиканската црква се повлекува од колониите и останува под патронат на англиската круна. Методистите почнуваат да основаат свои цркви во отстапените колонии. Методистичката црква не се издигнува со разликите во учењето, туку заради духовната потреба на луѓето се дојдени во новата земја.

 УЧЕЊЕ

Методистичката црква ги задржува учењето и начинот на Богослужба како Англиканската црква, иако и двете одземаат или додаваат нешта кои се неопходни за да се следат промените кои настануваат во модерниот свет.

Денес Методистичката црква е распростанета ширум светот и брои над 70 милиони членови. Иако Методизмот не е директно произлезен со Реформацијата, сепак спаѓаме во редот на протестантските цркви и исповедаме заедничко верување, чија основа е Љубовта Божја кон сите луѓе и Неговото безусловно прифаќање на нашата грешна природа како човечки суштества. Библијата е темел на нашето верување, а Исус Христос е централната точка на нашата вера и на нашиот живот. Крштевањето и Господната Вечера се наши Сакраменти - Божјиот завет дека Неговата Љубов ќе стане видлива!

Сите служби на Црквата се отворени, и за мажите и за жените подеднакво. Пастирите заедно со членовите донесуваат одлуки кои се однесуваат на учењето и на Црковната дисциплина.

Секој е добредојден во Методистичката црква. Проповедаме да бидеме отворени за секого и секој е поканет да се вклучи во работата и во службата на црковниот живот. Затоа, секој оној што го бара Бога е поканет да ни се придружи во земањето Господна Вечера.

Евангелско-методистичката црква на овие простори е присутна повеќе од 150 години.

Евангелско-методистичката црква во Македонија, како интернационална црква активно е вклучена не само во црковните активности во Методистичката црква во светот, туки и во активностите на црквите на светско ниво (екуменство), така што нашата Црква е членка на Светскиот совет во Женева, Европската конференција на црквите (Брисел) и во многу други црковни институции ширум светот. На сите овие заседанија и средби на светско ниво секогаш присуствуваат делегати на нашата Црква, каде сите тие достоинствено ја претставуваат Црквата, но и државата.

Евангелско-методистичката црква секогаш била отворена за соработка со другите цркви и религиозните заедници. Како црква, имаме добри односи со Македонската православна црква, Католичката црква, Исламската заедница и Еврејската заедница.

Евангелско-методистичката црква во Македонија има 13 цркви, 4 станбени објекти(за пасторите) и еден социјален центар.

Како и повеќето христијански цркви, ги славиме следниве празници: Божиќ, Велигден, Вознесение Христово, Духовден, а како ЕМЦ и Мајчин ден и Светскиот молитвен ден на жените.